Почитуван Офицер за ЗЛП,
Со цел да излеземе во пресрет на барањата и потребата за информации поврзани со имплементација и примена на законот за заштита на личните податоци за фирмите контролори и обработувачи го креиравме овој прашалник. Во последниот официјален регистар за Офицери за ЗЛП што го води Агенцијата за ЗЛП, 5.580 друштва се евидентирале како контролори и назначиле еден или повеќе офицери за ЗЛП. Добар дел од назначените офицери за ЗЛП дале согласност да бидат назначени согласно ЗЗЛП не навлегувајќи дали со нивното назначување создале конфликт на интереси или назначувањето е во согласност со законот. Обврските и одговорностите кои ги превземале со одлуката за нивно назначување се дадени во член 41, 41 и 43 од Законот за заштита на личните податоци.
Прашалникот укажува за обврските и одговорностите што офицерите ги превземале кај контролорите и има за цел да помогне во постапките и начините на унапредување, усовршување и побезболно усогласување на друштвата со законот за ЗЛП.
Извештајот од прашалникот треба да помогне да се утврдат и да се разберат обврските на офицерите што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци и да се добијат подетални сознанија за потребите на офицерите и контролорите.
Врз основа на информациите добиени од прашалникот, ОЗЛП Советник ќе изготви напатствија, прирачници и алатки на својата платформа прилагодени за потребите на постојни и ново назначени офицери за постигнувањето на целта за правилна усогласеност на контролорот со законот за ЗЛП.
Пополнувањето на прашалникот нема да Ви одземе повеќе од 5 минути од Вашето време. Прашалникот можете да го пополните и анонимно, а резултатите ќе се темелат исклучиво на агрегирани податоци кои ќе произлезат и од Вашите одговори.