ВОДИЧ ЗА ЗАКОНИТОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИTE ПОДАТОЦИ | АЗЛП
0 ден
Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, подготви водич на тема ЗАКОНИТОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ.
ВОДИЧ ЗА ЗАКОНИТОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИTE ПОДАТОЦИ
Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, подготви водич на тема ЗАКОНИТОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ.
_______
Законитоста на обработката на лични податоци е тема од суштинско значење во полето на заштита на личните податоци. Во Република Северна Македонија, предметната материја е регулирана во член 10 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“
бр. 42/20; натаму во текстот: ЗЗЛП). Овој Водич е изготвен за да им помогне на контролорите и обработувачите во постигнувањето усогласеност со ЗЗЛП.
Во суштина, пред да почнат каква било обработка на лични податоци правните лица кои ја вршат обработката мора да утврдат еден од правните основни за обработка на личните податоци дадени во член 10 од ЗЗЛП, а во случај на обработка на посебни категории на лични
податоци, тие мора да докажат постоење на некој од исклучоците дадени во член 13, став (2) од ЗЗЛП, поради генералната забрана за обработка на посебните категории на лични податоци.
Секогаш кога контролорот го поставува прашањето дали му е дозволено да обработува лични податоци, на пример, да чува, брише или открива податоци на трета страна, одговорот лежи во правниот основ за обработката.
Со оглед на важноста на ова прашање за постигнување усогласеност со ЗЗЛП, овој Водич е изработен за да даде појаснување на главните премиси на законитоста на обработката преку која се исполнува едно од најважните начела од законот – начелото на законитост.
Скопје, 28.01.2022 година
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.