КАНЦЕЛАРИЈА

ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА
КАНЦЕЛАРИЈА ВО СКОПЈЕ

Славко Јаневски 102Д
Скопје 1000

ИНФОРМАЦИИ ОД ПРАШАЊА

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ОД КОРИСНИЦИТЕ

Дали нашето друштво има за обврска да назначи Офицер за заштита на личните податоци?

Согласно законската регулатива обврска е скоро на секое друштво кое врши обработка на лични податоци да ангажира и назначи Офицер за заштита на личните податоци. Доколку друштвото има видео надзор тогаш треба веднаш да назначи офицер за ЗЛП  и да направи усогласување со законот за ЗЛП.

Ние сме државен орган и немаме назначено офицер за ЗЛП. Дали може преку платформата на ОЗЛП советник да назначиме офицер?

Сите државни органи имаат за обврска да ангажираат и назначат Офицер за заштита на личните податоци. Платформата на ОЗЛП советнк Ви нуди можност онлајн веднаш да назначите надворешен офицер за ЗЛП и да ја започнете постапката за усогласување со законот со ЗЛП.

Плаќањето можете да го направите преку банка со ПП30 образец или онлајн. Веднаш по извршената уплата ќе Ви биде назначен еден од офицерите на ОЗЛП советник и ќе биде известена Агенцијата за ЗЛП со што може да се смета дека сте ја започнале постапката за усогласување на своето работење со законот за ЗЛП.

Кои се докуметни треба да ги усвоиме и донесеме за да направиме усогласување со законот за ЗЛП?

За жал не постои универзална препорака со која може да се направи усогласување на работа на друштвото.

Секое друшво кое е контролор има за обврска пред да ја започне постапката на усогласување да направи анализа на процесите и изготви акционен план со кој ќе ги дефинира временските рамки и документи кои треба да ги изготви и донесе.

Искористивме примероци - темплејти за усогласување од пријатели што ги добиле преку обуки. Дали може да сметаме дека сме извршиле усогласување на работењето со законот со ЗЛП?

За жал вистината е дека најголемиот број на друштва сметаат дека со користење на темплејти или примероци од други друштва можат да извршат усогласување на своето работење со законот за ЗЛП.

Ова е сосема погрешно и додека друштвото не изготви посебна анализа и акциски план со кој ќе ги прецизира процесите дали и каде ги користи личните податоци и како со нив оперира неможе да искористи универзални обрасци за усогласување на друштвото.

Колку време трае процесот на усогласување на друштвото со законот за ЗЛП?

Во зависност од големината на друштвото и сложеноста на работните активности поврзани со личните податоци времето потребно за усогласување може да биде од еден то три месеци.

Реална временска рамка на усогласување на друштвото е од три до шест месеци.

Договорните органи може да планираат период од шест месеци до една година период кој е потребен да се направи усогласување процесите на работа со личните податоци.

ПОБАРАЈ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

ПРАШАЊЕ ПОВРЗАНО СО ЗЗЛП