ВОДИЧ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ | АЗЛП

ден

Законот за заштита на личните податоци пропишува пакет начела кои налагаат обработката на лични податоци да
биде законска, правична и транспарентна.

Категории , Ознаки: ,
Опис

ВОДИЧ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ 

Законот за заштита на личните податоци пропишува пакет начела кои налагаат обработката на лични податоци да
биде законска, правична и транспарентна.

Примарниот фокус на законот се физичките лица како поединци, односно граѓанинот е ставен во центарот на
заштитата на личните податоци, додека правните лица (во својство на контролори) и Агенцијата за заштита на
личните податоци се фокусираат на одржување и остварување на неговите/нејзините права кои се
гарантирани со ЗЗЛП.

Компаниите и институциите како контролори се обврзани, меѓу другото, детално да објаснат кои лични податоци ги
собираат, за која цел и врз кој правен основ, како и кој ги користи личните податоци, и какви мерки применуваат за
заштита на личните податоци.

Конкретниот начин на кој компаниите/ институциите ја исполнуваат нивната законска обврска за информирање
на субјектите на лични податоци (клиенти, вработени, соработници…) за нивните права е избор на самата компанија/институциите, се разбира, под услов таа да ги исполни сите барања пропишани во ЗЗЛП (членови 16, 17 и 18), што е предмет на елаборација во овој Водич.

Во таа насока, на физичките лица треба да им се обезбедат релевантни информации во форма на посебен документ како што е Политиката за приватност.

 

Октомври 2022 год.

Прегледи (0)

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.