ВОДИЧ ЗА ОФИЦЕРИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР | АЗЛП

 0

КОНЦЕПТОТ НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЕРАТА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Културата на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци се смета за голема вредност на демократските општества кои се развиваат преку примена на основните стандарди воспоставени од Обединетите нации, [1]Советот на Европа[2] и Европската комисија[3], кои пак се елаборирани во меѓународните договори и националното законодавство за заштитата на личните податоци.

Категории , Ознаки: ,
Опис

ВОДИЧ ЗА ОФИЦЕРИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

 

КОНЦЕПТОТ НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЕРАТА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Културата на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци се смета за голема вредност на демократските општества кои се развиваат преку примена на основните стандарди воспоставени од Обединетите нации, [1]Советот на Европа[2] и Европската комисија[3], кои пак се елаборирани во меѓународните договори и националното законодавство за заштитата на личните податоци.

Почитувањето на правото на приватност на физичките лица е карактеристично за поразвиените земји со долга традиција на владеење на правото и демократски практики, но големо значење се припишува и на почитувањето на ова право во општествени средини кои се стремат кон постигнување повисоко ниво на политичко, правно, економско и културно живеење.

Со донесувањето на Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП)[4] кој претставува lex generalis во оваа област, Северна Македонија го вгради правото на заштита на личните податоци во правниот систем на земјата и воведе нов концепт кој ја нагласува важноста на ова право како дел од основните права и слободи на граѓаните и како суштинска вредност на секое модерно и технолошки развиено општество. Овој концепт подразбира приватност и личен интегритет на сите лица, во сите ситуации кои подразбираат обработка на лични податоци.

Од суштинско значење за остварување на овој концепт и за воспоставување повисоки стандарди за почитување на приватноста е контролорите од јавниот и од приватниот сектор да определат офицер за заштита на личните податоци, заедно со јасно дефиниција на работната позиција и потребните квалификации за вршителите на оваа функција, и да ја интензивираат соработката со Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП).

Октомври 2022 год.

Прегледи (0)

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.