ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СТАНДАРДНИ ДОГОВОРНИ КЛАУЗУЛИ ЗА ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ
€ 0
Службен весник на РСМ, бр. 280 од 15.12.2021 година
Службен весник на РСМ, бр. 280 од 15.12.2021 година
20212804446
АГЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Врз основа на член 50 став (2) точка в) и член 65 став (1) точка ѕ) од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/20), директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци донесе
ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СТАНДАРДНИ ДОГОВОРНИ КЛАУЗУЛИ ЗА ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ*
Член 1
(1) Со оваа одлука се утврдуваат стандардни договорни клаузули за пренос на лични податоци во смисла на одредбите од членот 50 став (1) и став (2) точка в) од Законот за заштита на личните податоци, а кои се однесуваат на пренос на лични податоци од контролор или обработувач чија обработка на личните податоци е предмет на овој закон (извозник на лични податоци) до контролор или (под)обработувач чија обработка на личните податоци не е предмет на овој закон (увозник на лични податоци), а кои се дадени во Прилог бр. 1 како составен дел на оваа одлука.
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.